Обвинение за 63-годишник кој во воз се самозадоволувал и допирал 17 годишно девојче

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за три кривични дела – Задоволување полови страсти пред друг согласно член 190 од Кривичниот законик, од кои едното полово дејствие го извршил пред дете кое наполнило 14 години.

„Патувајќи со воз на 24 јули, 63-годишниот обвинет во еден од вагоните се доближил и започнал да допира малолетно девојче родено 2006 година кое патувало со возот.

Тоа вознемирено се преместило на друго седиште, по што обвинетиот продолжил кон друг вагон.

Таму седнал спроти други две жртви и започнал да се самозадоволува на јавно место. Оштетените исплашени си ги зеле своите работи, го напуштиле вагонот и го пријавиле. Во возот влегле овластени службени лица, кои го привеле обвинетиот и го однеле во полициска станица“ информираат од Обвинителство.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднел предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Back to top button
Close