(ВИДЕО) Сања Митровска во „Што го врти светот“: Го скршивме Гинисовиот рекорд во најдолга бизнис презентација кој го држеше британскиот магнат Бренсон

Во последната епизода на „Што го врти светот“ гостинка беше Сања Митровска. Сања и нејзината компанија се истакнаа на претприемачката сцена со пробивањето на Гинисовиот рекорд во најдолга бизнис презентација (longest business pitching marathon). Дотогаш рекордот го држеше еден од најистакнатите инвеститори – Ричард Бренсон, чија компанија Вирџин Груп има удел во повеќе од 400 бизниси од различни области. Сања вели дека таа многу го почитува Бренсон, но случајно рушела токму негов рекорд. Повеќе од 30 часа во континуитет се ределе нови бизниси пред стручната комисија која морала континуирано да ги следи презентациите, да поставува прашања и најпосле да одлучи кои идеи се вредни за инвестиција.

– Потребно беше да се мисли на многу елементи однапред. Моравме да бидеме сигурни дека на секои 5 минути некој ќе почне да презентира, а дека ние ќе бидеме подготвени да слушаме. Имавме агрегат за електрична енергија, бидејќи прекин на електричната енергија ќе значеше губење на можноста за освојување на Гинисовиот рекорд. Еден од спонзорите ни обезбеди ваков агрегат, кој го користат во производство. Имавме медицински тим постојано присутен, бидејќи не спиеме и можно е некому да му се слоши. Мислевме дури и на дополнителни презентери кои беа подготвени со сопствени бизнис модели, да се „уфрлат“ доколку некој од натпреварувачите поради трема или други проблеми не може да презентира. Сите членови на комисијата одеа во тоалет со тајмер истовремено, за да не истрошиме многу време. – истакнува Сања. Таа додава дека имале можност да легнат само 15тина минути во 30те часа.

 

Сања заедно со нејзиниот тим работат на поддршка на младите компании да добијат финансирање, во почетната фаза од бизнисите.

 

Целата епизода погледнете ја на линкот:

Вкупно преку програмите на Сања стартапите стигнале до инвестиции од над 2.5 милиони евра, додека најголемата поединечна инвестиција била 300 000 долари. Таа за тоа кои стартапи имаат поголеми можности да добијат инвестиција.

Back to top button
Close