Газа повторно оставена без интернет и телефонски услуги
Интернетот и телефонските мрежи денеска се во целосен прекин во Појасот Газа, соопшти палестинската агенција за телекомуникации, што се случува по вторпат на територијата за помалку од една недела.
„До нашите добри луѓе во саканата земја, жал ни е да објавиме дека комуникациите и интернет услугите се целосно прекинати во Газа“, соопшти Палестинската телекомуникациска компанија (Палтел) на X.
Интернетот и телефонската мрежа беа во целосен прекин минатата недела, но беа обновени во текот на викендот. Владата на палестинската милитантна група Хамас тогаш го обвини Израел дека тоа го предизвикал со цел да „изврши масакри“ во Појасот Газа