Видео: По 18 часа заврши заложничката драма на аеродромот во Хамбург, киднаперот се откажа од намерите

Тој се откажа! По 18 часа полицијата во Хамбург успеала да го убеди Салман Е.(35) да се откаже. Тој е уапсен, неговата ќерка Аслихан (4) е ослободена и предадена на лекарска екипа, објави германски Билд.

Во саботата околу 19.20 часот Салман Е. влегол во станот на неговата поранешна сопруга Севда Е. (38). Според информациите на Билд, тој користел продажен оглас кој 38-годишната го поставила на Интернет за да оствари контакт. Користејќи лажна адреса на е-пошта, тој се договорил да се сретне со својата поранешна сопруга и притоа ја киднапирал нивната ќерка.


Неколку минути подоцна, Салман Е. се оддалечил со црното ауди. Неговата дестинација е аеродромот во Хамбург „Хелмут Шмит“, каде што за првпат беше забележан од безбедносните сили во саботата во 20:21 часот.

35-годишникот кој има турско потекло ја пробил безбедносната ограда и го паркирал Аудито од кое ги извадил регистарските таблички, веднаш до целосно полниот патнички авион на Туркиш ерлајнс.

Салман побарал да полета за Турција со својата ќерка. Очигледно за да го нагласи своето барање, тој запалил неколку пожари во областа на аеродромот.

-Тој фрли две запалени шишиња од автомобилот, „еден вид молотов коктел“, рече Томас Герберт, портпарол на федералната полиција. Потоа пукал неколку пати во воздух.

„Во моментов треба да претпоставиме дека поседува огнено оружје, а можеби и експлозивни направи од непозната природа. Наш врвен приоритет е заштитата на детето. Според нашите сегашни сознанија, детето е физички добро“, напишаа од полицијата во Хамбург на „Х“.

Аеродромот беше затворен, а повеќе од 3.200 патници беа евакуирани. Сè уште не е јасно кога ќе продолжат летовите.

Back to top button
Close