Хамас соопшти дека загинал заложник при неуспешен обид на ИДФ да ги ослободи киднапираните
Вооруженото крило на Хамас денеска соопшти дека е одбиен обидот на израелските специјални сили да ги ослободат заложниците во Појасот Газа, при што загина еден заложник додека Хамас претрпел неколку воени жртви.
Израелските одбранбени сили (ИДФ), кои на крајот на октомври ослободија заробен војник во Газа и ја предводат офанзивата во Газа, чија цел е да ги врати преостанатите 138 заложници, не ги коментираше наводите на Хамас.
На апликацијата Телеграм, Бригадите Ал Касам, военото крило на Хамас, соопштија дека нивните борци откриле единица на израелските специјални сили која се обидела да ги спаси заложниците, по што ја нападнале и убиле и раниле неколку војници. Наведена е и локацијата на конфликтот. Военото крило на Хамас тврди дека заробениот израелски војник Саар Барух (25) бил убиен.
На списокот за заложници објавен од Израел, Сахар Барух е наведен како 24-годишен студент кој бил киднапиран од неговиот стан на 7 октомври.