(ВИДЕО) О‘Брајан: Фер е граѓаните да побараат нон-пејпер од ВМРО-ДПМНЕ за нејзината визија за патот напред

Прашан за пораките од О‘Брајан кажани во интервјуто за „360 степени“ во ноември, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за „360 степени“ во декември рече дека новинарот му поставил наведувачко прашање на американскиот дипломат манипулирајќи со ставовите на ВМРО-ДПМНЕ. О‘Брајан денеска повтори дека останува на кажаното во ноември

Фер е граѓаните да побараат од ВМРО-ДПМНЕ да понуди нон-пејпер во кој ќе ја објасни визијата за патот напред – порача денеска од Скопје помошник-државниот секретар на САД, Џејмс О‘Брајан, одговарајќи на новинарско прашање – дали се точни информациите дека меѓународниот фактор притиска да биде потпишан нон-пејпер на политичките партии на Албанците со кој ќе се обврзат да не коалицираат со партија која шест месеци по изборите нема да спроведе уставни измени.

„Ми кажаа дека ќе ме прашаат за нон-пејпер. Не знам за нон-пејпер и би сакал да се задржам на она што го кажав во ноември кога бев во Скопје, како и денеска. Сметаме дека граѓаните на Северна Македонија треба да решат за патот за напредок. Мислам дека една партија (СДСМ, н.з.) даде предлог за напредок и трпи критики затоа што некои луѓе го сакаат или не го сакаат. Друга партија (ВМРО-ДПМНЕ, н.з.) ветува дека ќе изнајде начин за патот напред и мислам дека можеби е фер граѓаните да побараат од таа партија да понуди нон-пејпер во кој ќе објасни која е нејзината визија и потоа ќе можете да решите меѓу визијата која ја знаете и нешто што е ветување“ рече О‘Брајан.

 

повеќе

 

Back to top button
Close