Две лица заработија кривични пријави за убиство во обид и помагање: Едниот турнал жена од трет кат на зграда по што таа се здоби со тешки повреди, вториот не го спречил делото
>СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32 годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ како и против 21 годишно лице исто така од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.
На 08.03.2024 околу 11.30 часот, првопријавениот, во стан на улицата „ Карпош Војвода“ во Охрид, сопственост на второпријавениот, по претходна расправија ја турнал 39 годишната жена од Скопје од терасата.
Таа била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Второпријавениот кој бил присутен, не го спречил сторителот во извршувањето на кривичното дело.