САД воведоа визни рестрикции за авиопревозниците од Јужна Америка

САД воведоа визни рестрикции за авиопревозници од Јужна Америка кои со чартер летови превезуваат незаконски имигранти во САД, соопшти денеска американскиот Стејт департмент.

Се вели дека ова е одговор на зголемениот број на чертер летови на компании поврзани со Никарагва што мамат нелегални имиграни со понуди за транспорт до САД.

-Цел на овие рестрикции се предаторските практиките на транспортните компании за профитирање од ранливи имигранти и остварување на нелегална имиграција во САД. Никој не смее да профитира од ранливи имигранти, како криумчарите, приватните компании и јавните службеници, така и владите, се вели во соопштението.

САД истакнуваат дека продолжуваат да се ангажираат со влади од Западната хемисфера како и со приватниот сектор и работат на елиминирање на овие практики на експлоатација, истакнувајќи дека може да се следуваат уште визни рестрикции.

Back to top button
Close