ТВ21: На продажба објектите во некогашната фабрика „Купром“ во скопски Хром, дали се на повидок нови згради

На продажба објектите во некогашната фабрика „Купром“ во скопски Хром, дали се на повидок нови згради, пишува ТВ21.

На јавно наддавање ќе се продава некогашната фабрика „Купром“ во скопската населба Хром. Јавното наддавање ќе се одржи на 29 март, а на продажба се ставени пет објекти на фабриката кои сега се напуштени и запуштени, искршени и затрупани со ѓубре.

Објектите се ставени на продажба по стечајна постапка и се со вкупна површина од 3.200 метри квадратни, а проценети се дека вредат околу 2,3 милиони евра. Продажбата на имотот ќе се врши електронски по пат на јавно надавање без утврдена почетна цена односно почетната цена е 0 денари.

 

Back to top button
Close