Невремето повторно направи пакос низ Тетово: Стигнаа првите пријави за штети

Силно невреме во моментов има во тетовскиот регион, како што беше претходно најавено од УХМР. Од Центарот за управување со кризи за Прес24 информираат дека веќе пристинуваат првите пријави за штети. Според нивните информации биле оштетени автомобили на паркинг простор од угостителски објект.

„Од Е-112 добиена е пријава од вработен во ресторан Шари, Лисец (опш.Тетово) кој наведува оштетување на повеќе коли, од невремето, во паркингот на угостителскиот објект. Се очекува увид од надлежните служби. Невремето е во моментов“, ни соопштија од ЦУК.

 

Back to top button
Close