Приведено лице од велешко по пријава дека предизвикало пожар

Министерството за внатрешни работи приведе велешанец кој подметнал пожар на депонија на патот с.Горно Оризари – с.Клуковец.

Надлежните веднаш реагирале по претходна пријава на бројот за итни случаи 112, а припадниците на полицијата затекнале лице кое пали автомобилски седишта, при што во непосредна близина бил предизвикан пожар од кој била зафатена сува трева.

Од страна на полициските службеници лицето С.Ц. е лишено од слобода, а предизвиканиот пожар е изгасен

Back to top button
Close