Експерт на ОН: Хуманитарната криза на Хаити се влошува, дивеењето на банди се шири

Експерт за човекови права на Обединетите нации денеска предупреди дека насилството од бандите на Хаити продолжува да се шири, бидејќи мисијата назначена од светската организација да се бори против криминалците во оваа проблематична карипска земја сè уште е недоволно финансирана и има недостиг на кадар.

-Националната полиција на Хаити сè уште нема „логистички и технички капацитет“ да се бори против бандите кои сега дивеат на нови територии, со оружје и муниција што влегуваат на Хаити и покрај меѓународното ембарго, рече Вилијам О’Нил, кој го посети Хаити оваа недела, земја која го дели карипскиот остров Хиспаниола со Доминиканската Република.

„Хуманитарните последици се драматични“, инфлацијата галопира, има недостиг од основни потреби и има голем број внатрешно раселени лица, предупреди О’Нил, додавајќи дека тоа само ја влошува ранливоста на населението, особено на жените и децата.

Од април до крајот на јуни, според Обединетите нации, најмалку 1.379 луѓе биле убиени или повредени на Хаити, а 428 биле киднапирани.

Back to top button
Close