Израел синоќа изврши 11 напади врз Бејрут – мета е наследникот на убиениот лидер на Хезболах
Израелската армија во текот на ноќта изврши 11 напади врз јужното предградие Дахија во главниот град на Либан, Бејрут, област што се смета за бастион на Хезболах, пренесува Би-би-си.
Според видеата објавени на социјалните мрежи, нападите траеле цела вечер, се до разденување. Ова се смета за еден од посилните напади од 23 септември, откако Израел ги интензивира нападите врз Либан.
Од либанското Министерство за здравство соопштија дека во изминатите 24 часа загинале 37 лица, а 151 се повредени.
🇱🇧 Israeli Regime aviation carried out about 20 strikes on the neighborhood adjacent to Beirut International Airport. pic.twitter.com/Zs5N3CsG6M
— DD Geopolitics (@DD_Geopolitics) October 3, 2024
Мета на нападите во предградието Дахија е Хашем Сафиедин, наводен наследник на убиениот лидер на Хезболах, Хасан Насрала.
Според „Њујорк тајмс“, нападнат е и подземен бункер каде се смета дека се одржува состанок на Сафиедин заедно со други високи претставници на либанската милитантна група.
Либанската армија соопшти дека двајца нејзини војници биле убиени на југот на земјата додека израелските сили ја продолжиле офанзивата против Хезболах и наредиле евакуација на уште 20 градови и села.
Најмалку шестмина загинати во израелски напад на зграда во центарот на Бејрут
Црвениот крст соопшти дека четворица негови доброволци се полесно повредени, иако нивното движење било координирано со мировните сили на ОН.