МВР укажува на лажни профили: Чувајте се од измами поврзани со „Конти“

Ве информираме дека во периодов зачестена е појавата на лажни профили на социјалните мрежи кои се преставуваат во име на Интерпол или Министерството за внатрешни работи или во име на компании кои нудат некаков вид на помош, посредување па дури и враќање на парични средства на лица кој своите средства ги изгубиле во лажни онлајн инвестиции како што беше „Конти“ и други слични на него.

Во однос на горенаведеното сакаме како Министерство за внатрешни работи да информираме а воедно и да предупредиме дека се работи за класични интернет измами или таканаречени Phishing измами чија цел е прибирање на лични податоци со цел понатамошно нивно користење во криминални деанија, како и злоупотреба на нивните платежни картици со цел стекнување на финансиска корист.

Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквиот вид на измами и да бидат многу внимателни каде ги оставаат своите лични податоци како и податоците од своите платежни картици. Исто така напоменуваме дека Министерството за внатрешни работи има свои канали на комуникација, односно сите линкови кои се поврзани со нашето министерство можете да ги најдете на официјалната на страна на министерството за внатрешни работи, односно www.mvr.gov.mk.

Back to top button
Close