Видео: Во Валенсија луѓе се обидуваат да спасат жена, која ја носи порој

На интернет кружат шокантни слики од поплавите во Шпанија, кои однесоа животи на најмалку 72 лица.

Најтешка ситуација моментално е во Валенсија.

На социјалните мрежи кружат неверојатни снимки од поплавите во овој град.

На една од нив се гледа жена која ја носи поројот додека неколку луѓе од тераса се обидуваат да ја фатат и спасат. Во еден момент се обидела да се фати за бандера, но матната вода продолжила да ја носи.

Властите во најтешко погодените области ги советуваа луѓето да останат дома и да ги избегнуваат сите несуштински патувања.

Поплавите предизвикаа прекини и во воздушниот транспорт, па 12 летови биле пренасочени кон други градови, а најмалку десет се откажани.

Back to top button
Close