САД најавуваат ново воено распоредување на Блискиот Исток
САД најавија ново распоредување на оружје и војска на Блискиот Исток во текот на „следните месеци“ за „одбрана на Израел“ и како предупредување за Иран, соопшти синоќа Пентагон.
Во соопштението се нагласува дека Пентагон е јасен дека, ако Иран или неговите партнери и поврзани групи ја искористат оваа ситуација за напади врз американски персонал или интереси во регионот, САД ќе ги преземат сите неопходни мерки за заштита.
Ова ново воено распоредување вклучува одбрана од балистички ракети, борбени авиони, бомбардери Б-52 и други типови воени авиони.
Израел, главниот сојузник на САД, е во конфликт со Иран и неговите регионални сојузници од почетокот на војната во Газа против Хамас на 7 октомври 2023 година. Покрај Хамас, Израел се соочува и со либанскиот Хезболах на северната граница.
На 26 октомври, израелски авиони извршија напад врз воени цели во Иран, како одмазда за нападите со околу 200 ракети кои Техеран ги лансираше на 1 октомври врз Израел