Должничко доверителски односи – можен мотив за вчерашното убиство во Арачиново
Детали за вчерашното убиство во скопско Арачиново.
„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид во Арачиново, каде во оружен инцидент едно лице е лишено од живот, а уште едно е потешко повредено.
Се преземаат сите дејствија за расчистување на настанот. Од лице место се подигнати траги и материјални докази, обезбедени се и се прегледуваат снимки од видео надзор, на телото на починатиот ќе се врши обдукција.
Првичните сознанија упатуваат на нерасчистени должничко-доверителски односи како можен мотив на сторителите, од кои едниот е лишен од слобода, а по другиот се трага“ соопштуваат од Обвинителство.
Според МВР на 01.11.2024 околу 19 часот од Ургентен центар Мајка Тереза во СВР Скопје е пријавено дека со повреди од огнено оружје биле донесени С.А. и А.А. од с. Арачиново.
Според пријавеното, во нив во село Арачиново било пукано со огнено оружје од страна на две лица кои биле со возило „ауди”, известија надлежните.