ВИДЕО: Перински во интервји за “Лидери.мк”: Горд сум што моето име се споменува како можен кандидат за градоначалник на Скопје

Министерството за локална самоуправа, во последните месеци доби на тежина, која ја немала можеби никогаш порано. Причина за тоа секако се 100-те милиони евра кои ќе им бидат ставени на располагање на општините од централниот буџет за реализирање на низа капитални инфраструктурни пројекти, односно за 274 такви пројекти. Овој број се очекува да се зголеми после 15 ноември, односно по дополнителниот рок даден на одредени општини, меѓу кои и градот Скопје, за докомплетирање на првично доставената документација. Спроведувањето на овие пројекти ќе го надгледува комисија формирана помеѓу шест министерства, од кои таа за Локална самоуправа ќе има значајна улога.

Во врска со овие теми, но и со најавата дека следната година ќе бидат доделени уште 250 милион евра на општинитие за капитални пројекти од инфраструктурата кои не можат да ги реализират со своите буџети, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, зборува во ексклузивното интервју за порталот на албански јазик Лидери.мк. Во голем дел од интервјуто министерот Перински се осврнува на тешката состојба во која се наоѓа градот Скопје, најавувајќи одредени мерки за подобрување на состојбите, иако се жали дека актуелното раководство на градот одбива секаква комуникација, и дека од тоанајголема штета имат граѓаните.

Во интервјуто Перински се осврнува и на планираните измени на законот за локална самоуправа, најавувајќи многу новини во овој закон кој е на функција од 2005 година, а како главни новини секако дека ја споменува можноста в иднина градоначалниците да можат да бидат отповикани преку референдум.

Тој признава дека неговото име е меѓу имињата кои се споменуваат како можен кандидат за градоначалник на град Скопје од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Нагласува дека е горд на тоа, најавувајќи дека последниот збор сепак ќе го имат партискиите органи и членството. Тој исто така е сигурен дека кој и да биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде следниот градоначалник на Скопје.

“Да, точно е дека моето име се врти како едно од потенцијалните имиња на можни кандидати за градоначалник на град Скопје. Јас сум нависитина горд за ова, бидејќи претставува предизвик и чест да го преставиш Скопје. Секако дека е еден посакуван предизвик. Вие знаете дека ние како ВМРО-ДПМНЕ сме навистина голем партија, и затоа сметам дека кој и да биде кандидат од нашата партија ќе биде градоначалник на Скопје. Нашиот пристап е аналитички пристап, ќе видиме што ќе каже аналитиката, односно анкетите, ќе го прашаме и членството и кој и да биде кандидат-дали ќе бидам јас, или некој друг, мислам дека сите ќе се подржиме едногласно меѓу себе и градот ќе го направиме многу поубаво место за живеење, во споредба од тоа што е сега. До тогаш, верувајте, навистина имаме многу предизвици во Министерството за локална самоуправа”, вели меѓу другото министерот Перински во интервјуто за Лидери.мк.

Целото интервју може да го следите во видеото во продолжение:

 

 

Back to top button
Close