Руте ја назначи Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка на НАТО
„Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик-генерален секретар. Таа е вистински верник во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се приклучите на Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа важна улога“, се наведува во изјавата на Руте
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, одлучи да ја назначи македонската поранешна вицепремиерка и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка. Информацијата е објавена на официјалната веб-страница на НАТО-алијансата.
„Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка. Таа е вистински верник во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се приклучите на Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа важна улога“,се наведува во изјавата на Руте.
Шекеринска претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Северна Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО-алијансата во 2020 година. Таа ќе ја преземе функцијата подоцна оваа година, се додава во информацијата.
Шекеринска на оваа позиција ќе дојде на местото на Романецот Мирчеа Џеоана.
„Политико“ во август годинава го објави името на Шекеринска како можен нов заменик-генерален секретар на НАТО. Како што напиша „Политико“, постоел општ консензус меѓу сојузниците дека Источноевропеец треба да биде назначен на оваа позиција.
Друг кандидат за десна рака на Руте, според весникот, била поранешната вицепремиерка и еврокомесарка од Бугарија, Марија Габриел.