Советот на амбасадори го поздрави изборот на Шекеринска: Нејзината функција во НАТО е голем успех и за државата
Советот на амбасадори на С Македонија денеска го поздрави изборот на Радмила Шекеринска за заменик-генерална секретарка на НАТО.
Оттаму велат дека ова е голем успех за нејзината политичка кариера, но е уште поголем успех за државата. Веруваат дека Шекеринска успешно ќе ги извршува задачите и ќе придонесе кон зајакнување на Алијансата.11
„Поставувањето на личност од нашата земја на ваква висока позиција во НАТО-алијансата, во толку комплексен момент во нејзината историја, кога Европа се соочува со голема закана по нејзината безбдност претставува признание за Македонија, како точка која може да претставува место за отпуштање на затегнаст, пример за заемна почит на разлики и негување на европски вредности, но и пример за проактивност и донесување одлуки во клучни моменти со позитивни резултати“,
се вели во сооптението на Советот на амбасадори.
Руте ја назначи Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка на НАТО
1Според Советот, РС Македонија покажува дека, иако мала, може значајно да придонесе кон мирот во Европа и светот преку нејзиното активно делување во НАТО.
1Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, одлучи да ја назначи македонската поранешна вицепремиерка и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка.
Шекеринска на оваа позиција ќе дојде на местото Борис Руге, кој во моментов е вршител на должноста заменик-генерален секретар на Алијансата, откако, Романецот Мирчеа Џеоана се повлече од функцијата за да се кандидира за претседател на неговата земја.