Сведокот Ламбе Бучков на судењето за „Вања и Панче“: Палчо ми должи 15.000 евра со години. Ми кажуваше дека има различни видови оружје

Сведокот Ламбе Бучков, пријател на Љупчо Палевски – Палчо, во своето сведочење откри дека имал финансиски односи со првообвинетиот, како и информации за неговото поседување на оружје, пренесе 4news.

„Сме си позајмувале пари, а сè уште 15 илјади евра ми должи,“ изјави Бучков. Освен тоа, тој спомена дека Палчо поседувал повеќе пиштоли. „Ми кажувал дека има повеќе видови на оружје, но јас никогаш не сум го видел. Само знам дека има,“ додаде тој.

Бучков истакна дека по објавувањето на информациите за случајот, сам се јавил во полиција за да понуди помош. „Јас се јавив во полиција и ги известив дека, доколку ги интересира нешто, можам да им го донесам Палчо. Но, никој од полицијата не ми се јави,“ рече тој.

Тој, исто така, тврди дека бил под надзор веќе шест месеци. „Шест месеци мене некој ме следи и ме прати, дури и по базни станици,“ изјави Бучков.

 

Back to top button
Close