Мицкоски за Шекеринска: Чест е да се има македонка за заменик генерален секретар на НАТО

Премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференцијата денеска изјави дека „за нас националните интереси се пред и над партиските и да се има Македонка за Заменик Генерален Секретар на НАТО е чест“.

-Не е тајна дека со Радмила Шекеринска сме идеолошки разлики во минатото, но како влада имaвме пред нас предизвик за одлука, а тоа беше кој и како да го подржиме за заменик Генерален секретар на НАТО, имајќи предвид дека таму имаше кандидати од неколку други земји и ние тука немавме ниакаква дилема. Затоа што често повикуваме на единство и дијалог со опозицијата и ако тоа не го правите на дело тогаш сте лицемерни. Затоа како влада не само што ја подржавме кандидатурата на Радмила Шекеринска туку и активно разговаравме со нашите сојузници за тоа. За нас националните интереси се пред и над партиските и да се има Македонка за Заменик Генерален Секретар на НАТО е чест, рече Мицкоски на прес конференција

Back to top button
Close