Меркел го спомнува Заев во мемоарите како единствен храбар и решителен од регионов

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги објави своите мемоари „Слобода: Мемоари 1954-2021“ во која изнесува мноштво детали од својот приватен и професионален живот.

 

Во книгата, Меркел го споменува и поранешниот македонски премиер Зоран Заев, за кого вели дека е храбар и решителен.

Давајќи кус осврт на поглавјето за Западен Балкан од писанието наречено „Слобода“, германскиот новинар Михаел Мартенс од „Франфуртер алгемајне цајтунг“ во својата објава на Икс пишува дека Заев е единствениот жив политичар од Балканот кого поранешната канцеларка експлицитно го споменува во своите меморари.

Меркел, како што пишува германскиот новинар, не ги спомнува ниту српскиот претседател Александар Вучиќ, ниту премиерот на Албанија, Еди Рама, ниту Бојко Борисов ниту поранешниот српски претседател Борис Тадиќ.

„Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц не се споменува. Поранешниот грчки министер за финансии, Јанис Варуфакис, исто така. На Западен Балкан, единствениот (жив) политичар кој Меркел го споменува во своите мемоари е Зоран Заев, кого таа го нарекува ‘храбар и решителен’“пишува германскиот новинар Михаел Мартенс во својата објава на Икс.

Делото на Меркел истовремено беше објавено во над 30 држави во светот.

На повеќе од 700 страници, бившата германска канцеларка пишува за бројни светски лидери и настани кои ги обележаа изминатите децении.

Back to top button
Close