Дошла на посета во Идризово па ја уапсиле – Друг затвореник добил пакет дрога од мајка му

Два одделни случаи на пронајдена дрога и таблети биле регистрирани во затворот „Идризово“ во текот на еден ден.

Во првиот случај, полицијата привела 30-годишна скопјанка која дошла на посета кај осуденик. При личен претрес во просторијата за посети, кај неа биле пронајдени и одземени две пакувања со марихуана.

Неколку часа подоцна, при проверка на пакет наменет за друг затвореник, затворските службеници пронашле 171 таблети. Пакетот претходно го оставила мајката на осуденикот

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на двата случаи

Back to top button
Close