Приватните превозници со најавија блокади, Славевски им се закани со булдожери
Приватните превозници се заканија со блокади на улиците , Славески им врати дека ќе бидат отстранети со булдожери…
Тие бараат покачување на цената од изминат километар, бидејќи со постојната од 70 денари, велат не можат да егзистираат. Ако заклучно со викеднов не се прифатат нивните барања и не се закаже вонредна седница на советот, во понеделник наутро ќе ги постават автобусите на крстосницата во Автокоманда, кај Народна Банка и на мостот кај Нерези.
Градоначалничката Арсовска тврди дека веќе дала позитивно мислење за иницијативата на приватиниците, на што претседавачот на советот Славески и одговори дека прво треба да достави соодветни анализи од стручните служби. За советничката Ирена Витина пак целокупната состојба со јавниот превоз е политички оркестрирана од страна на власта за како што вели создавање на хаос
Граѓаните од друга страна пак апелираат да завршат политичките препукувања и конечно да се изнајде решение за градскиот превоз, оти велат и утринава се соочиле со метежи на постојките и доцнење на автобусите, бидејќи од утринава и приватните превозници не собраќаат.
Во меѓувреме, тендерот на ЈСП за набавка на гориво се затвора на трети декември, па засега останува мистерија дали и колку добавувачи се пријавиле и дали Скопје повторно ќе остане без јавен превоз или пак и натаму автобусите ќе се снабдуваат од стоковите резерви на државата.