Дамаск паѓа, војската се повлекува – Каде би можел Башар ал Асад да избега?

Додека исламските бунтовници го опколуваат Дамаск, се погласно се поставува прашањето каде е Башар ал Асад, лидерот на Сирија?

Според пишувањето на „Вол Стрит Џрнал“, повикувајќи се на сириските безбедносни служби, сопругата на ал Асад Асма и нивните три деца наводно минатата недела избегале во Русија. Меѓутоа, самиот сириски диктатор во петокот се наоѓал во својата палата во Дамаск, додека пукањето се слушало во близина.

Ако ал Асад и неговата сопруга која боледува од карцином, паднат во рацете на бунтовниците, извесно е дека ќе бидат во животна опасност. Асадовите непријатели сакаат одмазда за граѓанската војна која од 2011 година однесе илјадници жртви.

Дали тој би можел да избега на време во случај градот да биде преземен? А ако успее, каде би можел да побегне и дали ќе му се придружи на семејството во Русија?

Најпривлечна локација за бегство веројатно би му било луксузното летувалиште Марбеља на југот на Шпанија. Семејството на ал Асад таму има вили и компании вредни стотици милиони евра. Неговиот вујко Рифат ал Асад е поранешен потпретседател на Сирија кој во Шпанија има деловни активности.

Единствениот проблем за бегство таму е што Французите издадоа налог за апсење на Башар ал Асад поради користење отровни гасови против цивилното население. Тој налог важи во целата Европска Унија, што значи дека Коста дел Сол е забранета зона за ал Асад. Најлогична земја за барање азил би била неговата најважна заштитничка сила – Русија, која со години ја спасуваше неговата власт со воздушни напади врз станбени згради, болници па дури и градинки.

Како што пишува британски „Телеграф“ египетски и јордански официјални лица, исто така го повикувале ал Асад да ја напушти Сирија и да формира влада во егзил. Но, јорданската амбасада во Вашингтон, ги негираше овие наводи. (News24live)

Back to top button
Close