Уапсен поранешниот министер за одбрана на Јужна Кореја за обид за државен удар
Јужнокорејските обвинители денеска го уапсија доскорешниот министер за одбрана Ким Јонг-хјун, под обвинение за вмешаност во прогласувањето воена состојба од страна на претседателот Јун Сук-јеол, јави новинската агенција Јонхап.
Ким, кој во средата поднесе оставка, се смета за клучна фигура во краткотрајното прогласување воена состојба. Според извештаите, Ким му предложил на Јун да преземе ваков чекор.
Специјален тим на обвинителството го испитувал Ким, кој доброволно се појавил во канцеларијата на окружното обвинителство во Сеул во раните утрински часови.
Три опозициски партии поднесоа тужба против Јун, Ким и командантот на вооружените сили Парк Ан-су, обвинувајќи ги за предавство.