Руски функционер: Сиријците сега ќе треба самите да се справат со граѓанската војна

Сиријците сега ќе треба самите да се справат со граѓанската војна, изјави денеска Константин Косачев, заменик-претседател на Горниот дом на рускиот парламент. Ова е прва реакција од Москва за падот на сирискиот претстедател Башар ал Асад, кого Москва со години го поддржуваше и спасуваше од бунтовниците.

Косачев ја даде изјавата утрово, откако сириските бунтовници објавија дека го собориле Ал Асад.

Русија со години беше верен сојузник на Асад и интервенираше во 2015 година за да го поддржи за време на сириската граѓанска војна. Но, Русите го напуштија кога бунтовниците започнаа молскавична офанзива која на крајот го собори.

Back to top button
Close