Американски новинар заробен во Сирија во 2012 година е сè уште жив: Бајден најави негово ослободување

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека САД ќе се обидат да ослободат еден од најдолго држените американски заложници по ненадејниот пад на сириската влада и режимот на Башар ал Асад.

Говорејќи во Белата куќа, Бајден рече дека САД веруваат дека Остин Тајс е сè уште жив, но неговата локација во земјата разурната од војната треба точно да се утврди, објави Би-Би-Си.

„Веруваме дека е жив. Мислиме дека можеме да го вратиме, но сè уште немаме директни докази за тоа. Мораме да утврдиме каде се наоѓа“ рече Бајден.

Остин Тис, слободен новинар, беше уапсен во близина на Дамаск на 14 август 2012 година додека известуваше за сириската граѓанска војна.

Американскиот претседател Бајден рече дека заминувањето на Асад е „фундаментален чин на правдата“ по децениска репресија, но и „момент на ризик и неизвесност“ за Блискиот Исток.

Остин Тајс, кој сега има 43 години, последен пат беше виден со врзани очи на видеото, кое беше објавено на интернет неколку недели по неговото апсење.

Иако ниту една влада или група не ја презеде одговорноста за неговото исчезнување, американските власти набрзо изјавија дека веруваат дека сириската влада го држи како заложник. Неговата сестра Абигејл Едабурн рече дека веруваат дека тој се уште е во Сирија.

Повеќе

Back to top button
Close