Сирија: Водачот на бунтовниците вети дека ќе ги распушти бунтовничките фракции кои го соборија Асад
Водачот на бунтовничката група Хајат Тарир ал-Шам (ХТС) која го предводеше соборувањето на сирискиот претседател Башар ал-Асад, Ахмед ал-Шара, вети дека сите бунтовнички фракции ќе бидат „распуштени“, а борците ќе бидат обучени да се приклучат на Министерството за одбрана.
Тој ова го изјави за време на средбата со членовите на заедницата, со цел да ги увери малцинствата во земјата и во странство дека привремените лидери ќе ги заштитат сите Сиријци и државните институции, пишува „Гардијан“.
Шара ја нагласи потребата од единство во земјата која е етнички и верски разновидна.
Во 11-дневната офанзива која почна од северозападниот град Идлиб, коалицијата на бунтовничките фракции предводена од радикалната сунитска група Хајат Тарир ал-Шам (ХТС) зазеде големи делови од земјата од владините сили, вклучително и главното упориште Дамаск и на 8 декември стави крај на 50-годишното владеење на семејството Асад.