„Оставка на Вучиќ би била погубна за Србија“, вели претседателката на Собранието Брнабиќ
Претседателката на Националното собрание, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека оставката на претседателот Александар Вучиќ би била погубна за Србија, но дека може да разбере дека Вучиќ размислува за тоа со оглед на нападите врз него и неговото семејство.
Таа оцени дека во историјата на светската политика омразата кон еден човек како и кон Вучиќ е без преседан.
Брнабиќ за ТВ Пинк изјави дека обидите за дестабилизација и ослабување на Србија траат од 2014 година, кога Вучиќ стана премиер, а дека тие се интензивирани од 2017 година, кога тој стана претседател на Републиката