Палестински функционер: Договорен 90 отсто од договорот за прекин на огнот во Газа

Деведесет отсто од договорот за прекин на огнот во војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас е договорен, но клучните несогласувања не се надминати, изјави за Би-Би-Си палестински функционер кој учествува во преговорите.

-Една од пречките е коридорот Филаделфија долж границата со Египет, рече тој, додавајќи дека на преговорите во Доха се разгледува потенцијалното создавање на тампон зона долж границата на Газа со Израел, која би била широка неколку километри со, како што рече, „израелско воено присуство“.

Откако ќе се решат тие недоразбирања, потенцијалниот прекин на огнот би можел да започне во рок од неколку дена.

Според договорот, во првата фаза од прекинот на огнот би биле ослободени 20 палестински затвореници за секоја девојка што отслужила воена служба, но се уште не е одлучено кои затвореници ќе бидат ослободени од израелските затвори.

Во извештајот не е наведено дали заложниците ќе бидат ослободени во првата фаза, ниту пак се споменуваат деца и жени кои не биле во војска во моментот на киднапирањето.

Би-би-си јавува дека на цивилите во Газа ќе им биде дозволено да се вратат на север од Појасот под надзор на Египет и Катар, а во енклавата секој ден ќе влегуваат 500 камиони со хуманитарна помош.

Во третата фаза, војната би завршила и Газа би била надгледувана од комитет на технократи од областа кои претходно не биле политички ангажирани, но имаат поддршка од сите палестински фракции. Детали за втората фаза не се соопштени.

Потоа, неименувани извори изјавија за египетскиот медиум Ал-Гад дека Израел побарал имињата на 11 мажи да бидат вклучени во списокот на заложници што треба да бидат ослободени во првата фаза од потенцијалниот договор за прекин на огнот и дека Хамас бара дополнителна компензација за ова.

Во извештајот се вели дека во првата фаза ќе бидат ослободени 250 палестински деца затвореници, пет девојчиња кои служеле воен рок и постари и болни заложници.

Израел наводно побарал ослободување на 34 заложници во првата фаза, вклучително и 11 кои Хамас ги смета за војници. Оваа исламистичка организација ги смета сите израелски мажи на воена возраст за војници.

Хамас, сепак, се согласи да ослободи 11 мажи во првата фаза, сугерирајќи дека палестинските затвореници кои не се вклопуваат во договорените категории ќе бидат ослободени во замена.

Во извештајот се наведува дека израелската армија постепено ќе се повлекува од коридорот Филаделфија.

Back to top button
Close