Сопругата на Асад побара развод, не сакала да живее во Москва
Сопругата на соборениот сириски претседател Башар ал Асад, Асма ал Асад, поднесе барање за развод откако во Москва изрази незадоволство од својот живот, објавија вчера турските и арапските медиуми, додавајќи дека наводно сакала да се пресели во Лондон.
Асма се обрати до рускиот суд и побара посебна дозвола да ја напушти Москва. Нејзината пријава моментално ја оценуваат руските власти.
Асма е двојна британско-сириска државјанка која е родена и израсната во Лондон, објави Би-би-си. Асма се преселила во Сирија во 2000 година и се омажила за Асад истата година на 25-годишна возраст.
Иако неговото барање за азил во Москва беше прифатено, Башар ал Асад, наводно, се уште е под строги ограничувања. Не му е дозволено да ја напушти Москва или да се занимава со какви било политички активности.
Руските власти го замрзнаа и неговиот имот и пари. Неговиот имот вклучува 270 килограми злато, 2 милијарди долари и 18 станови во Москва.