Се укинуваат забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Гостивар – Кичево и Маврово – Дебар
Од Јавното претпријатие „Македонија пат“ информираат дека се укинуваат забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, како и патниот правец Маврово – Дебар.
Како што наведуваат во кусото соопштение, забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево е укината во 21.05 часот, додека на патниот правец Маврово – Дебар во 20.40 часот.
– Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража се укинува во 21.05ч; Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар се укинува во 20.40, стои во соопштенијата на ЈП „Македонија пат“.