Тешка трагедија на пат кај Дубровник – карпа падна на патот и усмрти човек
Тешка сообраќајка се случила утрово околу 7:30 часот на државниот пат Д-8 кај Дубровник.
Како што објави весникот „Дубровник“, возило со дубровнички регистарски таблички кое се движело по патот, кога под се уште неутврдени околности се превртело на покривот, соопшти полицијата.
– Advertisements –
Едно лице починало на лице место, додека друго поради повредите е пренесено во болница во Дубровник каде му е укажана лекарска помош.
Сообраќајот е целосно затворен, а се движи по алтернативен пат преку Комолец и Бргат.
Ќе следи истрага со која ќе раководи заменик општинскиот државен обвинител.
Според дубровничкиот весник, карпа паднала на патот и го усмртила мажот