Унгарија ги суспендира преговорите со Украина за правата на малцинствата
Унгарија го откажа експертскиот состанок за правата на малцинствата со Украина, што беше закажан за денеска, поради тензичните односи помеѓу соседните држави, по протерувањето на дипломатите и меѓусебните обвинувања за шпионажа.
Државниот секретар на унгарското Министерство за надворешни работи, Левенте Маѓар синоќа изјави дека Унгарија го откажала планираниот состанок во Украина бидејќи неодамнешните случувања во билатералните односи не дозволуваат „конструктивни разговори за толку важна и чувствителна тема како што се правата на малцинствата“.
Тој додаде дека Унгарија останува отворена за дијалог.
Служба за безбедност на Украина (СБУ) на 9 мај соопшти дека уапсила двајца осомничени шпиони од Унгарија. СБУ соопшти дека двајцата осомничени агенти биле поранешни припадници на вооружените сили на Украина и биле приведени под сомнение за предавство. Тие биле регрутирани од агент на унгарската воена разузнавачка служба.
Истиот ден шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто изјави дека Унгарија протерала две лица кои работеле како шпиони во Амбасадата на Украина во Будимпешта