ЕУ со силна поддршка за Украина од Тирана

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер лајен на Х објави фотографија со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта и украинскиот претседател Володимир Зеленски под која напиша дека „цврсто стојат“ со украинскиот лидер.

– Нашиот непосреден приоритет е целосен и безусловен прекин на огнот. Затоа го зголемуваме притисокот за да го доведеме Путин на преговарачка маса. Воведуваме остри санкции кон Русија, пакет по пакет. Сакаме праведен и траен мир за Украина и трајна безбедност за цела Европа, напиша Лајен на Х.

Таа претходно на самитот на Европската заедница во Тирана рече дека „додека Русија ја напушти Европа, Европската политичка заедница е обединета да го зачува мирот на нашиот континент“.

– Во последниве години многу зборувавме за потребата Европа да се разбуди. Денес, Европа е будна – широко разбудена, нагласи Лајен.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, рече и дека Европа е мора да ја поттикне конкурентноста и иновативноста.

Според Фон дер Лајен, Европа, кога кризата е голема (како климатската криза, коронавирусот, војната во Украина), дава „голем одговор“.

Back to top button
Close