Апасиев: Не се забрануваат протести, целта е да му се национализира приватната парцела на Тошковски

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев се огласи со објаснување по предложениот закон со кој ќе се прогласи просторот околу Собранието за безбедносна зона. Тој тврди дека со законот не се забрануваат протести, туку, како што вели, целта е да се национализира приватната парцела околу Собранието на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Вчера во Собранието беше предложен закон со кој ќе се прогласи просторот околу законодавниот дом за безбедносна зона. Како автор на предлогот, кој се разгледува во скратена постапка, е потпишан лично претседателот на Собранието, Африм Гаши, заедно со колегата од „Вреди“, Беким Ќоку. Покрај нив двајца, овој предлог е поддржан и од претставници на сите други пратенички групи: Блерим Беџети, Борислав Крмов, Весна Бендевска, Никола Мицевски и Оливер Спасовски.

Извор: slobodenpecat.mk

Back to top button
Close