Арагчи: Иран останува посветен на дипломатијата, но ќе продолжи да дејствува во самоодбрана

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, изјави дека неговата земја останува посветена на дипломатијата, но ќе продолжи да дејствува во самоодбрана против Израел.

„Иран дејствува само во самоодбрана. Дури и во најскандалозната агресија против нашиот народ, Иран досега одговори само на израелскиот режим, а не на оние кои го помагаат и го поттикнуваат. За разлика од нелегитимниот, геноциден и окупаторски израелски режим, ние остануваме посветени на дипломатијата“,напиша Арагчи на социјалната мрежа Х.

Претходно ДПА, повикувајќи се на дипломатски извори, напиша дека Арагчи може утре во Женева да се сретне со министрите за надворешни работи на Германија, Франција и Велика Британија.

Шефот на германската дипломатија Јохан Вадефул, пред неколку дена изјави дека Берлин, Париз и Лондон се подготвени за директни преговори со Техеран во врска со иранската нуклеарна програма.

Back to top button
Close