Во Кочани се одржува средба на родителите на жртвите во пожарот со обвинителите

Барање за средба доаѓа од родителите на жртвите откако на саботниот „Марш на ангелите“ нагласија дека не ги разбрале наводите од последното образложение на обвинителниот акт за трагедијата што го даде јавниот обвинител Љупчо Коцевски

Родителите на жртвите во пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ денеска имаат средба со обвинителите од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кочани. Како што информира МИА, средбата е од затворен карактер и се одржува во Мултикултурниот центар на Кочани.

 

 

Од протестите маршови на семејствата на жртвите во пожарот во Кочани / Фото: Принтскрин

Средбата се одржува на барање на семејствата на жртвите во пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани, кои викендов доставија писмен допис до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кочани, со кој побараа непосреден состанок со обвинителите.

 

Инаку, нивното барање доаѓа откако на саботниот „Марш на ангелите“ нагласија дека не ги разбрале наводите од последното образложение на обвинителниот акт за трагедијата што го даде јавниот обвинител Љупчо Коцевски.

 

 

Според нив, како директно засегнати од трагедијата, од суштинска важност е целосно и детално да бидат информирани за истражната постапка, како и со содржината на поднесениот обвинителен акт.

Побараа Обвинителството да ги информира кои физички и правни лица се опфатени со обвинението и против кого ќе се продолжи постапката, а кои лица и зошто се изземени од одговорност

Back to top button
Close