Повеќе може да биде подобро
Денко Малески
Во теоријата за меѓународната политика, Кенет Валтз е човекот кој прв ја лансира тезата дека, бидејќи сила Бога не моли, што повеќе нуклеарно вооружени држави, тоа подобро за светскиот мир. Автор на брилијантната книга „Човекот, државата и војната“ објавена во 1959 гоина, за која, некој има кажанао дека би ја понел на пуст остров ако мора да избере само една книга, Валтз ќе каже дека „повеќе може да биде подобро“. Зошто? Како и за секој човек, така и за секоја држава, опстанокот е примарната цел. Овој интерес да се опстане, ги тера политичарите и генералите по секоја цена да избегнат војна со противник кој има нуклеарно оружје.
Бидејќи никој не верува дека може да преживее во нуклеарна војна, стравот од взаемно уништување создава услови за мир. Истакнат претставник на реалитичката школа на меѓународната политика, Кенет Валрз смета дека државите се рационални актери на меѓународната сцена а нивната основна задача е смозачувување. Аргументот на Волтз е дека стравот од војна помеѓу две нуклеарни сили е толку голем што ќе ја спречи зашто со неа ништо не може да се добие а се може да се изгуби. Оттаму, според Валтз ширењето на нуклеарното оружје треба да се смета за нешто позитивно. Спротиставувајќи им се на здраворазумските предвидувања дека со нуклеарно оружје светот ќе биде поопасен, тој го тврди спротивното – нуклеарното оружје е гарантор на мирот.Постоењето на нуклеарен арсенал за „втор удар“ги обесхрабрува државите да тргнат во војна. Тој пишува дека во нуклеарниот свет никој не е сигурен дека нема да биде уништен. Оттаму и неговиот заклучок дека нуклеарното одвраќање е основната причина за мирот помеѓу големите сили и дека „со повеќе нуклеарни држави светот ќе има побезбедна иднина“.
Знаеме како завршија оние кои се откажаа од своите нуклеарни програми како Гадафи, Садам Хусеин или Асад, а каков третман имаа Ким Јонг Ун од Северна Кореа со чие пријателство се гордее и американскиот претседател Доналд Трамп. Причина: првите немаат, а вториот има нуклеарно оружје. Деновиве, пропадна уште еден обид голем светски проблем да биде решен со дипломатија, односно на мирен начин. Наспроти вообичаеното мислење, лекцијта која ќе ја научи Иран од војната со Израел и со Америка е дека требало многу порано да изгради нуклеарна бомба, за никогаш никој да не се се осмели да го нападне. Сега, повеќе одколку порано, ќе копа со раце и со нозе целта да ја оствари.