Уапсен возач на камион по тешка сообраќајка во Чаир

Возач на товарно возило е приведен откако предизвикал тешка сообраќајна несреќа на улицата „Ќемал Сејфула“ во скопската населба Чаир, во која со тешки повреди се здобил возач на мопед.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата се случила во понеделникот, на 30 јуни, околу 14:40 часот, кога се судриле товарен „мерцедес“ со скопски таблички, управуван од 29-годишниот Е.П. од Косово, и мопед, управуван од 32-годишниот скопјанец Ф.А.

Возачот на мопедот со тешки телесни повреди бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде му била укажана медицинска помош.

Полицијата извршила увид на местото на настанот, а возачот на товарното возило е лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава

Back to top button
Close