Во Скопје состанок на лидерите на ЕУ и Западен Балкан
Состанок на лидерите на ЕУ и Западен Балкан посветен на напорите за забрзување на спроведувањето на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан ќе се одржи денеска во Скопје.
На состанокот присуствува комесарката за проширување Марта Кос, а покрај домаќинот, македонскиот премиер Христијан Мицкоски, во Македонија се пристигнати или ќе пристигнат и претставници од Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и од Косово.
Пред состанокот во Скопје, Европската комисија објави дека Планот за раст за Западен Балкан „нуди бенефиции за шест земји кои се подготвуваат за членство во ЕУ“, а на состанокот ќе се разговара за напредокот и ќе се разгледаат следните чекори во неговата имплементација