Објавен повик за бројот 116 000 за повикувачки центар за исчезнати деца

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) објави повик за поднесување барање за доделување на бројот 116 000 кој е резервиран за обезбедување на услуга повикувачки центар за исчезнати деца. Ќе се доделува број од нумеричкиот опсег 116 наменет за услуги со социјално значење хармонизирани на европско ниво.

Службата што треба да се воспостави ќе прима повици за пријавување за исчезнување на деца и ќе ги препраќа до полиција. Ќе нуди помош и поддршка на лица кои се одговорни за исчезнатото дете и ќе помага во истрагата. Давателот на услугата мора да гарантира дека услугата е достапна во секое време ( односно 24 часа на ден, 7 дена во неделата, на национално ниво).

Барањето за доделување на бројот до АЕК е поднесено од Здружение за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена порта Скопје, а регулаторот постапува согласно со Упатство за доделување и услови за користење на Национални броеви за услуги хармонизирани на европско ниво и за услуги од општествено и национално значење во државава

Back to top button
Close