Нови 40 паркинг места во Буњаковец, на местото на дива депонија

Општина Центар започна со изградба на нов паркинг, лоциран зад катната гаража во Буњаковец, со капацитет за 40 возила.

Во моментот се изведуваат активности за израмнување и асфалтирање на теренот, по што ќе следи обележување на паркинг-местата и брзо пуштање во употреба.

„Идејата за нов паркинг дојде директно од жителите на Буњаковец, кои на маалските средби тоа го посочија како приоритет. Веднаш стартувавме со реализација на проектот, со цел да добиеме функционален и уреден простор, да озбезбедиме дополнително паркирање и да го намалиме сообраќајниот притисок во ова урбано јадро,“ порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Станува збор за локација која со децении беше узурпирана од несовесни поединци и претворена во дива депонија, опасна по јавното здравје.

По интервенција на службите на Општина Центар, местото беше темелно исчистено и дезинфицирано, со што се обезбедија услови за нови паркинг-места за потребите на жителите од Буњаковец и околината, овозможувајќи полесно и поорганизирано паркирање.

Back to top button
Close