Антонио истрча 600 км од Скопје до Острог за да им помогне на болните деца: „Успеав, мамо. Ова беше за тебе“
Македонецот Антонио Пандовски, кој истрча 600 километри од Скопје до Острог за болните деца, пристигна до манастирот и беше пречекан од волонтери и поддржувачи од Македонија. Антонио гордо го развеа и македонското знаме.
„Таа веќе не е со нас, ама беше со мене во секој чекор. Мајка ми не ме држеше за рака… ама ме носеше низ секој километар. Кога ја прегрнав сестра ми ја почувствував и неа.Толку солзи, толку тишина, толку зборови што не мораа да се изговорат. Овој момент беше победа на љубовта што таа ја вгради во мене. И денес, таму под Острог, со срце полно, само едно ми одекнуваше во глава: Успеав, мамо. Ова беше за тебе“, напиша тој на Фејсбук.
Зад Пандовски застана Фондацијата „Ице Бегов“ од Гевгелија кои на својот профил напишаа:
„600 километри. 18 дена. Еден човек. Илјадници срца“.
Средстватаза децата се уште се собираат