Видео: Почнаа разговорите меѓу Трамп и Путин
Претседателите на Русија – Владимир Путин и на САД – Доналд Трамп, се ракуваа пред медиумите и заедно прошетаа по црвениот тепих поставен за нив на пистата на воената база Елмендорф-Ричардсон, што беше емитувано во живо од прес-службата на Белата куќа.
Двајцата заедно се качија во црн кадилак.
Путин на преговорите ќе биде придружуван од неговиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот советник за надворешна политика Јуриј Уштаков.
Покрај Трамп, од американска страна ќе бидат присутни и државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф
.