Штип нема ниту еден позитивен случај на Ковид 19
– Штип за првпат по речиси четири месеци не се најде во здравствениот билтен, во кој се информира за бројот на заразени со коронавирусот. Во моментов активни се 258 случаи, а досега од почетокот на пандемијата се регистрирани вкупно 1108 случаи.
Директорот на Клиничка болница – Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА истакна дека на Инфектовното одделение се хоспитализирани вкупно 38 пациенти, од кои 30 се позитивни, а осум се сомнителни и се чекаат нивните резултати од брисевите.
Документацијата за поставување на монтажната болница за Ковид 19 е доставена до Министерството за здрсвство и се чекаат наскоро да почнат и градежните активности.