Гостински победи на стартот од Лигата на шампионите
Првите два натпревара од новата сезона од Лигата на шампионите почна со победи на гостинските екипи Арсенал и Ројал Унион СГ. Во Билбао премиерлигашот Арсенал стигна до триумфот против Атлетик со 2:0 со головите на Габриел Мартинели и Леандро Тросар.
На дуелот во Ајндховен гостите од Белгија Ројал Унион го совладаа ПСВ со 3:1.
Во вечерниот термин од 21 часот се играат дуелите: Бенфика – Карабах, Реал Мадрид – Олимпик Марсеј, Тотенхем – Виљареал и Јувентус – Борусија Дортмунд.
Другите натпревари од првото коло се играат в среда и четврток