ПСЖ ќе создаде специјално седиште за Енрике на трибините на „Паркот на принцовите

Управата на ПСЖ планира да создаде посебно седиште на трибините на „Паркот на принцовите“ за тренерот Луис Енрике, да може да го гледа натпреварот одозгора и да дава инструкции, објави „RMC Sport“.

Педесет и петгодишниот Шпанец оваа сезона ги започна натпреварите оваа сезона на трибините на стадионот за да го гледа својот тим како игра. На полувремето, тој се симнува, им дава инструкции на играчите и продолжува да го води тимот од аут-линијата.

– Добивам многу информации одозгора што можам да ги искористам на полувремето. Важно ми е да имам повеќе информации. Играчите се навикнати на тоа. Рафаел Пол, мојот асистент, е на мое место во овој период, а она што ќе им го каже на играчите ќе зависи од тоа што ќе видам од трибините. Секогаш сум отворен за сè што може да ја подобри нашата игра, изјави Енрике за француски „Канал+“.

ПСЖ има 12 бода од четири натпревари и е лидер на табелата во француското фудбалско првенство.

Во првото коло од Лигата на шампионите, парискиот тим ја победи Аталанта со 4:0.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close